Како што пренесува Асошиејтед прес (АП), најмалку 659 лица загинаа на островот Суматра во Индонезија, 181 во Тајланд, 390 лица во Шри Ланка и три во Индија. Спасувачите сè уште трагаат по 464 лица што се водат како исчезнати во Индонезија и 367 во Шри Ланка откако циклонот Дитва и други бури предизвикаа поплави и лизгања на земјиштето во регионот
Повеќе од 1 200 луѓе загинаа, а 800 сè уште се водат како исчезнати во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето предизвикани од одделни бури што изминатата недела донесоа обилни и продолжени дождови низ Шри Ланка, во голем дел од Суматра во Индонезија, во јужен Тајланд и во северна Малезија.

Како што пренесува Асошиејтед прес (АП), најмалку 659 лица загинаа на островот Суматра во Индонезија, 181 во Тајланд, 390 лица во Шри Ланка и три во Индија. Спасувачите се уште трагаат по 464 лица што се водат како исчезнати во Индонезија и 367 во Шри Ланка откако циклонот Дитва и други бури предизвикаа поплави и лизгања на земјиштето во регионот.
Властите на Шри Ланка соопштија дека околу 218 000 луѓе се сместени во привремени засолништа. Иако железничкиот и воздушниот сообраќај почнаа нормално да функционираат, сепак училиштата сè уште се затворени.
Претседателот на Шри Ланка, Анура Кумара Дисанајаке, изјави дека циклонот Дитва е најголемата и најсложената природна катастрофа во историјата на земјата.
Овие поплави се најлошите во Шри Ланка од разорното цунами во 2004 година, кога загинаа околу 31 000 луѓе, а повеќе од еден милион останаа без покрив над главата.
🚨 BREAKING: The death toll from the catastrophic, record-breaking storms across Southeast Asia now stands at:
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) December 1, 2025
🇮🇩 Indonesia: 503 with 508 missing
🇱🇰 Sri Lanka: 355 with 366 missing
🇹🇭 Thailand: 162
🇮🇳 India: 3
🇲🇾 Malaysia: 3
Recovery efforts are underway. pic.twitter.com/STKVFlk01y
Истиот циклон донесе и обилни дождови во јужната индиска држава Тамил Наду во текот на викендот, при што загинаа три лица.
Во Индонезија, поплавите и лизгањата на земјиштето на островот Суматра оштетија повеќе од 28 000 куќи, а 1,4 милиони луѓе ги почувствуваа последиците од обилните дождови донесени од тропската бура што се формираше во Малачкиот теснец.
Во Тајланд, поплавите во осум јужни провинции погодија околу три милиони луѓе и доведоа до голема мобилизација на војската за евакуација на луѓето што со денови се заглавени во поплавените подрачја.
Тајландскиот премиер Анутин Чарнивиракул изјави оти очекува жителите да се вратат во своите живеалишта во рок од седум дена.
