Од МВР велат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица на угостителскиот објект

Полицијата и инспекциските служби, ноќеска по полноќ, во угостителски објект во Свети Николе затекнале 26 малолетни лица.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека при контролата меѓу затекнатите 26 малолетници, 14 од нив биле под дејство на алкохол.
Освен прекршувањето на одредбите за присуство на малолетници по полноќ и точење алкохол, од МВР велат дека и другите ангажирани инспекциски служби утврдиле низа прекршоци во работењето на објектот.
Од МВР велат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица на угостителскиот објект.
Утврдените прекршоци од страна на инспекциските служби, исто така, ќе резултираат со поднесување соодветни поднесоци.
Контролата ја спровеле полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, заедно со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи.
