Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се емитува вечерва (1 декември 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ претстојниот викенд оди на конгрес на кој се очекува реизбор на Христијан Мицкоски за претседател на партија за следниот четиригодишен период. Тоа ќе биде трет лидерски мандат за Мицкоски што според актуелните решенија во партискиот статут значи и последен. Ако се оди чекор понатаму, тоа значи дека во 2029 година ВМРО ДПМНЕ треба да има нов лидер. Дали ќе остане оваа статутарна одредба или може да се смени е една од темите на кои разговараме со Христијан Мицкоски, прв човек на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, кој гостува во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1. Тема се и случајот со договорот на Генералниот секретаријат на Владата со фирмата „Дигитал оне“ за набавка на „софтверски лиценци за виртуелна платформа“ во вредност од околу осум милиони евра, буџетот за судството и за јавното обвинителство, како и состојбите во ЕСМ и РЕК „Битола“ со производството на струја.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
