На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград

Српската полицијата во Белград запленила 12 килограми кокаин, три патнички возила и привела две осомничени лица.
„Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, ги уапсија Ј. Д. (1985) и Д. Ј. (2000) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги“,
се вели во соопштението од полицијата.
Полицијата, се додава во соопштението, извршила претрес на становите и возилата што ги користеле осомничените, при што биле пронајдени и запленети 12 килограми кокаин и три патнички возила.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград.
