Пожарот брзо се издигна на второто највисоко ниво во системот за класификација на Хонгконг и се прошири на бамбусовите скелиња поставени околу надворешната фасада на висококатницата, а пожарникарите се обидоа да го локализираат користејќи скали и вода од погорните катови
Најмалку 36 лица загинаа, а 279 се водат за исчезнати во пожар што денеска зафати станбен комплекс во приградскиот кварт Таи По во Хонгконг, соопшти градоначалникот Џон Ли.

Според него, пожарот во моментот е под контрола, а 29 лица се хоспитализирани.
Стотици жители се евакуирани откако пожарот се прошири на седум високи згради во станбен комплекс во областа Таи По.
Пожарникарите распоредија 128 противпожарни и 57 амбулантни возила на местото на настанот.
Според нив, пожарот брзо се издигна на второто највисоко ниво во системот за класификација на Хонгконг и се прошири на бамбусовите скелиња поставени околу надворешната фасада на висококатницата, а пожарникарите се обидоа да го локализираат користејќи скали и вода од погорните катови.
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг изрази сочувство до семејството на пожарникарот што загина додека го гаснеше пожарот, како и до семејствата на жртвите.
Окружните власти во Таи По отворија привремени засолништа за луѓето што останаа без покрив над главата од пожарот.
Таи По е предградие во северниот дел на Хонгконг и се наоѓа близу до границата со градот Шенжен во континентална Кина.
