Силните дождови кои непрестајно врнат предизвикаа големи штети и во други земји во Југоисточна Азија. Во Виетнам бројот на жртви за една недела се искачи на 98 лица, додека во Малезија повеќе до 19 000 луѓе биле принудени да ги напуштата своите домови
Најмалку 33 лица загинале во големите поплави што зафатија делови од Тајланд и ги примораа тамошните власти да распоредат воени бродови и хеликоиптери како поддршка на аспасувачките екипи кои се борат со последиците од временските непогоди.

Како што пренесува Би-би-си, во текот на минатата недела поплавите погодиле десет провинции на југот на земјата, а градот Хат Јаи, кој е во близина на границата со Малезија и важи за бизнис центар, се соочил со најобилните врнежи од дожд во последните 300 години.
Според информации во оваа област наврнале 335 милиметри за еден ден.
На фотографиите што ги објавија светските медиуми, се гледаат возила како „пливаат“ во вода и поплавени куќи, додека очајни жители кажени на крововите од своите куќи чекаат на евакуција од спасувачките екипи.
Силните дождови кои непрестајно врнат предизвикаа големи штети и во други земји во Југоисточна Азија. Во Виетнам бројот на жртви за една недела се искачи на 98 лица, додека во Малезија повеќе до 19 000 луѓе биле принудени да ги напуштата своите домови.
Во Тајланд повеќе од два милиони луѓе се погодени од поплавите, од кои само 13 000 се евакуирани во засолништа.
Голем дел од жителите се отсечени и, според новинската агенција Ројтерс, нема можат да добијат помош.
Тајландската војска, која е задолжена за справување со кризата, соопштила дека се подготвува да испрати носач на авиони и флотила од 14 бродови натоварени со хуманитарна помош до погодните подрачја. Бродовите, како што се наведува се опремени со мобилни кујни кои можат да достават и до 3 000 оброци дневно.
Морнарицата на земјата соопштила дека доколку е потребно медицински тимови ќе го преадаптираат носачот на авион во пловечка болница.
Според гувернерот на покраината Сонгкла, каде што се наоѓа градот Хат Јаи, бродови, специјални камиони и друга опрема биле распоредени за евакуација на жителите.
Владата на Тајланд вчера ја прогласи покраината Сонгкла за зона на катастрофа, одобрувајќи средства за помош на областа во справувањето со поплавите.
Сепак, како што наведува Би-би-си, многу луѓе и понатаму остануваат заглавени од надојдените води.

Од Центарот за спасување Мачима, кој е волонтерска спасувачка група, за Ројтерс изјавиле дека изминативе три дена добиле илјадници повици од луѓе кои барале да бидат евакуирани.
„Многу луѓе се заробени… Ве молиме помогнете…Во моментов е многу тешко. Водата стигна до вториот кат, каде што има деца, стари лица, болни и лица со попреченост!!!“,
напишал жител на погодените области на фејсбук-страницата на волонтерската спасувачка група.
Други жители напишале дека со семејствата чекале помош неколку дена и дека немаат храна и вода.
Видео-снимка која стана вирална на социјалната мрежи покажува три млади момчиња како се движат по кабли од далновод, над матните води, во обид да стигнат до безбедно место.
Во Малезија повеќе од 19 000 луѓе биле евакуирани на безбедно, а 126 центри за евакуација се поставени во северните гранични области.
Во државите Келантан и Перлис, спасувачките екипи се пробиваа низ поплавните води до колена за да ги евакуираат жителите во областите каде што надојдените води го прекинаа пристапот до патиштата.
