Според информациите на полицијата за описот на случајот, вчеравечер е пријавено дека затвореникот од затворот во Охрид со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во истиот град, но по укажаната помош од лекарите тој починал
Почина 33-годишен затвореник, кој во охридската болница е донесен во тешка здравствена состојба, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Според информациите на полицијата за описот на случајот, вчеравечер е пријавено дека затвореникот од затворот во Охрид со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница во истиот град, но по укажаната помош од лекарите тој починал.
„Вчера во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека во тешка здравствена состојба е донесен К.Р. (33) од струшкото село Октиси, кој и покрај преземените мерки од страна на медицинските лица, починал“,
се вели во соопштението од охридската полиција.
Телото на починатиот затвореник е дадено за обдукција по наредба на јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
