Надлежните институции веќе преземаат мерки и активности за расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот

Сообраќајот на регионалниот пат Ресен – граничен премин „Стење“ од утринава од 7:55 часот е во целосен прекин поради голем одрон, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Одронот е регистриран во 07:55 часот на делницата помеѓу селата Царев Двор и Отешево, при што патот е блокиран во двата правци.
Надлежните институции веќе преземаат мерки и активности за расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.
Од МВР апелираат до граѓаните да избегнуваат патување кон овој регионален пат додека траат активностите за чистење и велат дека јавноста ќе биде соодветно информирана откако ќе се создадат услови за повторно воспоставување на сообраќајот.
