За утре се најавува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец

Променливо облачно време со сончеви периоди е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови од земјата ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 16 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од 2 степени наутро до 13 степени во текот на денот.
За утре се најавува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура утре ќе се движи од 10 до 16 степени.
До сабота, како што информираат од УХМР, ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во четврток и во деновите потоа ќе дува ветер од северен правец.
