Медицинските лица веднаш ја пружиле потребната помош и извршиле реанимација, но не успеале да го спасат детето

Бебе родено во 2024 година починало синоќа во Општата болница во Кичево, и покрај напорите на медицинскиот тим да го реанимираат.
Според информациите од СВР Кичево, случајот бил пријавен вчера, во 22:10 часот. Бебето било донесено на детското одделение во тешка здравствена состојба.
Медицинските лица веднаш ја пружиле потребната помош и извршиле реанимација, но не успеале да го спасат детето.
Од страна на медицинските лица била констатирана смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе е дадено на обдукција.
