Од СВР Охрид велат дека 14-годишник дошол до видеоматеријалот и го користел за уцена, заканувајќи му се на девојчето дека ќе го објави видеото доколку не биде со него

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид денеска, во 10 часот, лишија од слобода 16-годишен малолетник од Охрид, поради сомнение дека извршил кривично дело обљуба врз 12-годишно девојче, исто така од Охрид.
Кривичното дело, според првичните сознанија, било извршено на 12.11.2025 година, а целиот чин бил снимен од друг малолетник.
Од СВР Охрид велат дека 14-годишник дошол до видеоматеријалот и го користел за уцена, заканувајќи му се на девојчето дека ќе го објави видеото доколку не биде со него.
Од охридската полиција велат дека преземаат мерки за пронаоѓање и на другиот малолетник.
Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид извршиле службен разговор со неа, во присуство на родител.
По целосно документирање на настанот и во консултација со јавен обвинител, од СВР Охрид велат дека против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни пријави.
