Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Денеска ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи.
Од утре, поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во почетокот на следната седмица утринската температура значително ќе опадне. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат од вторник.
