Договорот доаѓа откако „РедБрд Капитал Партнерс“, ја повлече својата понуда за „Телеграф“, еден од најтиражните британски весници

Конгломератот ДГМТ којшто го поседува весникот „Дејли меил“, денеска соопшти дека се согласил да го купи конкурентот „Телеграф“ за 500 милиони фунти, создавајќи една од најмоќните десничарски медиумски групи во Велика Британија.
Договорот доаѓа откако „РедБрд Капитал Партнерс“, ја повлече својата понуда за „Телеграф“, еден од најтиражните британски весници.
Според извор близок до „РедБрд“, имало постојано противење од страна на високи членови на редакцискиот персонал на „Телеграф“ да се откаже понудата на американската компанија.
