Во недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини ќе паѓа снег

Денеска ќе биде променливо облачно и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Некаде врнежите ќе бидат пообилни, со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку ден ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Според прогнозите на УХМР, во недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.
