Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти четврток е добар рок Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал за достапните дипломатски опции за завршување на војната со Русија во денешниот телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„Разговаравме за достапните дипломатски опции и планот презентиран од американската страна. Сега сме подготвени да работиме брзо и конструктивно за да го обезбедиме неговиот успех. Ги координираме нашите понатамошни заеднички активности“,
напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.
Делегација од високи американски претставници се сретна со Зеленски во Киев во средата за да разговараат за планот од 28 точки на САД за завршување на војната.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти четврток е добар рок Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД.
„Украина отсекогаш ја почитувала и продолжува да ја почитува желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине крвопролевањето и ние позитивно гледаме на секој реалистичен предлог“,
рече украинскиот лидер по разговорот со потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс.
