Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Четириесет и шестгодишна жена се здобила со телесни повреди синоќа, откако врз неа паднала решетка од вентилација за време на концерт во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.
Несреќата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), се случила околу 22 часот. Повредената, М. И. од Скопје, била донесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во 23:15 часот, од каде што случајот бил пријавен во СВР Скопје.
Според информациите од МВР, решетката паднала врз жената од таванот на објектот додека траел концертот.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
