Федоров вели дека пет лица се во болница, меѓу кои и 17-годишно дете и оти едно рането лице е во сериозна состојба

Најмалку пет лица загинаа и исто толку се повредени во југоисточниот украински град Запорожје по руски напад, објави гувернерот Иван Федоров на Телеграм.
Федоров вели дека пет лица се во болница, меѓу кои и 17-годишно дете, а едно рането лице е во сериозна состојба.
Според неговата објава, во нападот погодени се трговски центри, продавници и високи згради, а некои куќи се оштетени по трет пат.
„Службите работат од ноќта. Работници веднаш почнаа да ги елиминираат последиците од експлозивниот бран. Има распоредно пунктови каде жителите може да ја добијат потребната помош“,
вели Федоров.
Федоров не го прецизираше типот на оружјето што било употребено, иако властите претходно издадоа предупредувања за напад со наведувана бомба.
Запорожје, индустриски град, се наоѓа на нешто повеќе од 20 километри од линијата на фронтот.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од три и пол години.
