Приведен е триесетгодишен скопјанец од Сингелиќ со иницијали Д.Ф., кој за време на акцијата бил во угостителски објект и на себе носел панцирен елек и пиштол „Смит и Весон“. Во моментот на приведувањето, тој во угостителски објект седел со полициски службеник, кој не бил на работа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициската акција се случила денеска на ул. „М.А. Ченто“, на патот кон село Арачиново. Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ф. (30) од село Синѓелиќ.
„Потоа е извршена контрола на возило „сеат ибица“, паркирано од Д.Ф. и пронајдено е една автоматска пушка и една рамка од пушката, рамка од пиштол полна со куршуми. По документирање на случајот Д. Ф ќе биде предаден на надлежен обвинител, а во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди“,
наведоа од МВР.
