Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 17 ноември 2025 г. на МРТ 1, во кое гостува министерот за здравство Азир Алиу, кадар на ВЛЕН
Имињата на болниците и лекарите кои непотребно упатувале на операции и непотребно направиле операции на пациенти со кардиоваскуларни дијагнози ќе бидат објавени кога извештајот ќе биде конечен, вели министерот за здравство Азир Алиу, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Го прашуваме – колку може да се сметаат за објективни наодите на комисијата имајќи предвид дека во неа членуваат доктори од потенцијално засегнати болници, дали половичните информации пласирани јавно може да ги направат несигурни пациентите, кога ќе биде готов финалниот извештај, кои ќе бидат следните чекори (евентуални последици/санкции за одговорните)… Со оглед на тоа што Азир Алиу е кадар на ВЛЕН, разговараме и за претстојното пополнување на испразнети места во Владата, како и за можноста за промена на актуелни министри или ротација на ресори.
