Според Управата за хидрометеоролошки работи и во деновите од викендот ќе се задржи стабилното, суво и тивко време, а од почетокот на следната недела се очекува зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд кои се очекуваат во вторник
Денеска времето во земјава ќе биде наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус три до четири Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 17 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи и во деновите од викендот ќе се задржи стабилното, суво и тивко време. Во утринските часови во одредени котлини ќе има појава на магла. Од понеделник се очекува зголемување на облачноста, а веќе од вторник ќе има и локални врнежи од дожд и појава на умерен до засилен ветер, кој ќе дува претежно од јужен правец.
