Ресенското обвинителство бара казни за 12 лица поради прекршување на мерките и непочитување на полицискиот час.
„Тие за време на полициски час на 22 мај во 23:50 часот биле затекнати од полициски службеници од ОВР Ресен пред продавница во село Долна Бела Црква, без да поседуваат дозволи за движење“,
велат од обвинителството.
За сите се бара судот да им изрече казни од по 2 000 евра.
