За утре од УХМР најавуваат претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде од 12 до 17 степени

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Вакво време најавуваат за денеска од Управата захидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 5 до 9 Целзиусови степени, а дневната ќе движи помеѓу 12 и 18 степени.
И во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд и со ветер од јужен правец. Температурата наутро ќе биде 8 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 17 степени.
За утре од УХМР најавуваат претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата утре ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Од УХМР велат дека во вторник претпладне ќе има повремен локален дожд, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.
