Екипите вклучени во акцијата на Град Скопје за чистење на градот, како што велат од претпријатието, работат со целата механизација и работен капацитет и додаваат дека ќе се работи се до целосно расчистување на кејот на реката Вардар

Екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ работат на чистење на коритото и косините на реката Вардар ниц централното градско подрачје. Од претпријатието велат дека екипите се активни со машинско и рачно отстранување на насобраниот отпад.
Акцијата се спроведува со целосен работен капацитет и расположлива механизација на претпријатието.
Од „Улици и патишта“ велат дека работниците рачно ја отстрануваат насобраната пластична амбалажа и ситниот смет од косините на реката.
Со употреба, пак, на багери и друга механизација, машински се чисти кабаст и земјан материјал кој е насобран во централниот дел на кејот.
Екипите вклучени во акцијата на Град Скопје за чистење на градот, како што велат од претпријатието, работат со целата механизација и работен капацитет и додаваат дека ќе се работи се до целосно расчистување на кејот на реката Вардар.
