Ова е третиот и најнапреден носач на авиони на Кина и се разликува од своите претходници, „Лиаонинг“ и „Шандонг“, по тоа што има рампа во стилот на ски-скок за полетување на авионите. Опремен е со модерни електромагнетни катапулти кои овозможуваат лансирање авиони со поголем товар на оружје и гориво, со што се зголемува нивниот дострел
Најновиот носач на авиони во Кина, „Фуџијан“, официјално е пуштен во употреба, што претставува значаен чекор напред за Пекинг во обидите да се изедначи со поморската моќ на Соединетите Американски Држави (САД).

Кинескиот лидер Си Ѓинпинг присуствуваше на церемонијата на пуштање во употреба на носачот што се одржа оваа недела во военото пристаниште во Сања на островот Хаинан, објави кинеската државна телевизија.
На церемонијата присуствуваа повеќе од 2 000 члена на морнарицата, но и сите оние што работеа на неговата изградба. По церемонијата на кревање на знамето, кинескиот лидер го разгледа бродот и симболично го притисна копчето за активирање на катапултот.
Три позиции за лансирање беа прикажани на летната палуба, како и борбените авиони J-35, J-15T и KJ-600.
„Шандонг“, вториот кинески носач на авиони, е закотвен во близина, што го зголеми впечатокот за демонстрација на воена моќ.
President Xi Jinping on Wednesday attended the commissioning and flag-presenting ceremony of the Fujian, China's first aircraft carrier equipped with electromagnetic catapults, in south China's Hainan Province, according to Xinhua.
— Global Times (@globaltimesnews) November 7, 2025
Xi, also general secretary of the Communist… pic.twitter.com/uTKFz6n1pD
„Фуџијан“ е третиот и најнапреден носач на авиони на Кина и се разликува од своите претходници, „Лиаонинг“ и „Шандонг“, по тоа што има рампа во стилот на ски-скок за полетување на авионите. Опремен е со модерни електромагнетни катапулти кои овозможуваат лансирање на авиони со поголем товар на оружје и гориво, со што се зголемува нивниот дострел.
Оваа технологија, според кинеските државни медиуми, ја поседува само еден носач на авиони во светот – најновиот американски „УСС Џералд Р. Форд“ на морнарицата на САД.
Под водство на Си, Кина ја изгради најголемата морнарица во светот лансирајќи високотехнолошки воени бродови и вршејќи притисок врз САД и нивните сојузници во Пацификот. Во однос на бројот на бродови, кинеската морнарица сега е поголема од САД, но САД сè уште одржуваат значителна технолошка предност, вклучително и со поголем број носачи на авиони во флотата.
Во меѓувреме, Кина веќе гради четврти носач на авиони, моментално познат како „Тип 004“. Се очекува дека тој носач ќе користи и нуклеарен погон, што дополнително би го намалило технолошкиот јаз со американската флота.
