Пожарот е на непристапен терен, соопшти ЦУК

Во областа над селото Арнакија, во Општина Сарај, регистриран е шумски пожар на непристапен терен, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„На локацијата се присутни екипи на Министерство за внатрешни работи (МВР), а истовремено се известени и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ – Град Скопје), ‘Национални шуми’-Караџица, ЕЛС Сарај и Дирекција за заштита и спасување Скопје“,
информираат од ЦУК.
