„Првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело“, велат од ОЈО Тетово

Безживотно тело на млада жена вчера било пронајдено во Тетово, а на локацијата увид извршил дежурен јавен обвинител од тетовското Обвинителство.
Како што информираат од ОЈО Тетово, бил извршен увид и во станот во кој таа престојувала, а кој бил изнајмен.
Според информациите од Обвинителството, се преземаат дејствија за испитување на причините за смртта.
„Првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело“,
велат од ОЈО Тетово.
Телото на жената е дадено на обдукција, а Обвинителството врши распит на повеќе лица и се постапува за испитување на причините.
