Според полицијата, возачот е уапсен, а за случајот е отворена истрага. Постојат сомнежи оти станува збор за терористички чин
Десет лица се повредени, од кои две потешко, кога возач со автомобил намерно влетал во пешаци и велосипедисти на францускиот остров Олерон, на атлантскиот брег, пренесува Би-би-си. Меѓу повредените е и едно девојче.

Тамошниот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека возачот е уапсен и дека е отворена истрага за случајот, како и дека постојат сомнежи оти станува збор за терористички чин.
Инцидентот се случил утрово, кога маж од 35 години, управувајќи автомобил, удрил во печаци и велосипедисти на главниот пат што поврзува две села на островот.
По настанот, се обидел да го запали возилото и да избега.
Според јавниот обвинител на Општината Ла Рошел, каде припаѓа островот, Арно Ларез, осомничениот и е познат на полицијата.
Посочи оти во моментот на апсењето, возачот извикал „Алаху Акбар“ што значи „Бог е најголем“.
