Како што може да се види во објавите на социјалните мрежи, земјотресот е почувствуван во Кавала, како и во Тасос, но и во бугарскиот град Пловдив
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според извештаите, земјотресот е почувствуван и во Бугарија.
Епицентарот на земјотресот е на 15 километри западно од Ксанти.
Како што може да се види во објавите на социјалните мрежи, земјотресот е почувствуван во Кавала, како и во Тасос.
Граѓаните на Пловдив велат дека „се тресело“ многу, а истото го пријавија и жителите на околните бугарски градови.
Надлежните служби ја следат моменталната состојба, а засега нема информации за материјална штета или за повредени.
