По пауза за локалните избори, тој денеска ги викнал на координација координаторите на пратеничките групи. На состанокот се зборувало за измените на Изборниот законик, а како што вели, сите биле согласни да седнат и да разговараат за консензуално да се донесат овие измени. Според него, доколку од Владата стигне некаков предлог за нов Изборен законик, тогаш Собранието ќе го стави во процедура
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека предлог-буџетот за 2026 година ќе се најде на пленарна седница на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандмани до 10 ноември.

По пауза за локалните избори, тој денеска ги викнал на координација координаторите на пратеничките групи. На состанокот се зборувало за измените на Изборниот законик, а како што вели, сите биле согласни да седнат и да разговараат за консензуално да се донесат овие измени. Според него, доколку од Владата стигне некаков предлог за нов Изборен законик, тогаш Собранието ќе го стави во процедура.
Околу донесувањето на Законот за локална самоуправа, Гаши истакна дека тоа ќе зависи од пратеничките групи, како и дека штом има волја, веднаш ќе биде ставен во собраниска процедура.
За распишувањето на нови избори во четирите општини каде во првиот круг од локалните избори немаше цензус, спикерот посочи дека за ова прашање разговараат со Државната изборна комисија (ДИК), оти имало нејаснотии.
„Да ве информирам дека до 15 јануари следната година истекува мандатот на актуелниот состав на ДИК“,
кажа тој пред новинарите.
Со нив, како што додаде, разговараат за преземање на сите чекори за да се спроведат како што треба изборите во четирите општини каде треба да се повтори изборниот процес.
„Неумесно би било да се распише оглас за нови членови на Комисијата сред гласање“,
рече Гаши.
Досега до Собранието, како што рече, не е поднесена најавената резолуција за црвените линии од лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче.
На 11 или на 18 ноември се очекува да биде свикана седница за поставување пратенички прашања од опозицијата до претставниците на Владата.
