Кандидатот за градоначалник на Тетово, Биљал Касами, ги наброја сите општини во кои победи ВЛЕН на овие локални избори и порача дека е завршено времето на деструктивни политики и оти продолжува со нови проекти важни за граѓаните
Со огномет, зурли, тапани и развиорени албански знамиња, на плоштадот во Тетово беше прославен изборниот резултат на коалицијата ВЛЕН.

Пред стотиците граѓани се обратија лидерите на партиите на коалицијата. Дел од нив порачаа дека е време лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да си оди во политичка пензија.
Кандидатот за градоначалник на Тетово, Биљал Касами, ги наброја сите општини во кои победи ВЛЕН на овие локални избори и порача дека е завршено времето на деструктивни политики и оти продолжува со нови проекти важни за граѓаните.
Претходно, од штабот на ВЛЕН порачаа дека за изборниот резултат во Брвеница и во Кичево е одговорен Али Ахмети и побараа тој да си поднесе оставка бидејќи сметаат оти е време ДУИ да се реформира.
Аднан Азизи, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН, прогласи победа во сите општини во кои во вториот круг од локалните избори тие имале свој кандидат.
