Азизи рече дека со резулатот од изборите ВЛЕН е втора политичка сила во државата. Со тоа, како што додаде тој, се заокружила промената кај Албанците во Македонија
Аднан Азизи, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН, прогласи победа во сите општини во кои во вториот круг од локалните избори тие имале свој кандидат.

Тој рече дека со резулатот од изборите ВЛЕН е втора политичка сила во државата. Со тоа, како што додаде Азизи, се заокружила промената кај Албанците во Македонија.
Од ВЛЕН побараа оставка од Али Ахмети бидејќи, како што велат, време е ДУИ да се реформира.
Оттаму обвинија дека Ахмети е одговорен и за резултатот во Брвеница и Кичево бидејќи, според нив, тој ги предал изборите во овие две општини.
