„Оваа победа не беше лесна со оглед на фактот дека знаевме кого сѐ имаме од другата страна и кои сѐ лоби бизнис-групации го поддржуваат другиот концепт“, рече тој
Актуелниот градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, вечерва од центарот на Куманово прогласи победа во вториот круг за градоначалник.

Пред новинарите зборуваше за ниската излезеност во Куманово, на што кажа:
„Што се однесува до нискиот одзив на излезеност, пораката е сфатена. Драги кумановчани, ќе продолжиме посветено да работиме исклучиво за вас. Оваа победа не беше лесна со оглед на фактот дека знаевме кого сѐ имаме од другата страна и кои сѐ лоби бизнис-групации го поддржуваат другиот концепт. Но, на крајот на денот, победата е повеќе од јасна. Во следните четири години, ЗНАМ заедно со своите коалициони партнери ќе го менаџира Куманово како и досега“,
рече тој.
Во моментов во Куманово нема прослава.
Кумановската полиција приведе едно лице што славеше и одбиваше да го помести автомобилот од улица.
Инаку, Димтриевскпотоа се упати на прослава и во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.
