По пребројувањето на сите 24 избирачки места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја освоил довербата од 4 369 гласачи, наспроти кандидатот на ВЛЕН, Хаќим Рамадани, кој освоил 4 224 гласови

Актуелниот градоначалник на општина Брвеница, Јовица Илиевски, добива нов мандат.
Според официјалните податоци од ДИК, по пребројувањето на сите 24 избирачки места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја освоил довербата од 4 369 гласачи, наспроти кандидатот на ВЛЕН, Хаќим Рамадани, кој освоил 4 224 гласови.
Ова покажува дека во Брвеница се водеше тесна трка за градоначалничката фотелја.
Илиевски, кој ја доби довербата на брвеничани и на локалните избори во 2021 година, е роден на 3 мај 1968 година во Тетово.
