Според податоците на ДИК, согласно 84,03 отсто обработени избирачки места, Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 52,91 отсто од гласовите, наспроти кандидатот на ДУИ и актуелен градоначалник Фатмир Дехари со освоени 43,97 отсто
Кандидатот за градоначалник на Општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, е во водство пред актуелниот градоначалник и претендент за втор мандат, Фатмир Дехари, кој доаѓа од редовите на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ.

Според податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК), согласно 84,03 отсто обработени избирачки места, Јовановски освоил 52,91 отсто од гласовите, а Дехари 43,97 проценти од гласовите.
Во апсолутни бројки, според досега обработените избирачки места, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ гласале 12 329 гласачи, а за актуелниот градоначалник од ДУИ – 10 246 гласачи.
