ВМРО-ДПМНЕ излезе со првични резултати од вториот круг од локалните избори

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има 50 590 гласа, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 26 879 гласа, покажуваат првичните неофицијални резултати споделени од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Аеродром, Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ има 7 079 гласа, а неговиот противкандидат Александар Трајановски од СДСМ има 3 444 гласа.
Во Карпош за кандидатот Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ гласале 7 416 лица, а за кандидатот Стевче Јакимовски – 6 478.
Во Кочани, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 4 574 гласа, наспроти 2 753 за независниот кандидат Венко Крстевски.
Во Дојран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има 806 гласа, а кандидатот на СДСМ – 406.
Во Чучер Сандево во предност е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со 1 570 гласа, наспроти кандидатот на СДСМ, кој има освоено 1 038 гласа.
Во Долнени кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има 1 414 гласа, а кандидатот на СДСМ 502 гласа.
