Излезеноста на ниво на Град Скопје до 18:30 часот, како што изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на денешната прес-конференција, е 33,82 отсто, според 100 отсто обработени избирачки места. Најголема излезеност од скопските општини има во Карпош (48,09 отсто), а најмала во Сарај (11,45 проценти)
Излезеноста на гласачите во вториот круг од локалните избори на ниво на државата до 18:30 часот изнесува 40,46 отсто, објави Државната изборна комисија (ДИК).

Процентот на излезеност на гласачите е согласно обработени 98,42 отсто од избирачките места, односно обработени 1 749 од вкупно 1 777 избирачки места на кои се гласа во вториот круг.
Во апсолутни бројки, до 18:30 часот на гласање излегле 402 895 граѓани од вкупно 1 013 357 кои имаат право на глас во вториот круг од локалните избори за градоначалник, што се одржува во 32 општини и Градот Скопје.
На ниво на државата, најголема излезеност има во Општина Росоман (77,51 отсто), следува Општина Лозово со 75,60 отсто; Дојран со 72,78 отсто; Демир Капија со 72,64 отсто; Конче со 70,93 проценти и Пробиштип – 70,59 отсто.
Најмала е излезеноста во Шуто Оризари (30,75 отсто); Куманово со 33,43 отсто и Боговиње со 39,29 проценти.
Излезеноста на ниво на Град Скопје до 18:30 часот, како што изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на денешната прес-конференција, е 33,82 отсто, според 100 отсто обработени избирачки места. Најголема излезеност од скопските општини има во Карпош (48,09 отсто), а најмала во Сарај (11,45 проценти).
