Освен од Белград, на пат кон Нови Сад тргнаа и студенти, средношколци и други граѓани од Нови Пазар, Чачак, Краљево, Ужице, Суботица, Вршац, Шабац, Ваљево, а група граѓани од Ниш до Нови Сад одат со велосипед
Околу 3 500 студенти и граѓани вчера тргнаа пеш од Белград до Нови Сад каде што утре ќе биде одбележана годишнината од уривањето на натстрешницата на новосадската железничка станица, кога загинаа 16 лица.

Очекувањата беа дека од Белград кон Нови Сад ќе тргнат 2 000 граѓани, но бројот надмина 3 500 луѓе, според проценката направена врз основа на видео од поворката што помина низ Земун.
Жителите на Нови Сад вечерва, почнувајќи од 18:30 часот, ќе ги пречекуваат студентите од цела Србија кои во градот пристигнуваат пеш по повод утрешната комеморација. Освен од Белград, на пат кон Нови Сад тргнаа и студенти, средношколци и други граѓани од Нови Пазар, Чачак, Краљево, Ужице, Суботица, Вршац, Шабац, Ваљево, а група граѓани од Ниш до Нови Сад оди со велосипед.
Според најавите за утрешната комеморација, граѓаните ќе се собираат во 10 часот изутрина на 16 локации во Нови Сад од каде што ќе се упатат кон железничката станица.
