На потегот на железничката пруга меѓу Велес и Градско воз прегази човек кој им подлегна на повредите, информира полицијата.
Несреќата била пријавена утринава во 4 часот.
„На потегот на железничката пруга Велес-Градско, пред село Згрополци, локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил тешки телесни повреди. Tој бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите“,
се вели во полицискиот билтен.
Извршен бил увид на самото место на настанот од увидна екипа од СВР Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 6:35 часот заради вршење увид.
