Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и суво време кога утринската температура на некои места ќе се спушти под нулата, а дневната ќе биде во пораст

По ведрото и студено утро, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе биде од минус 4 до 4 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 14 до 20 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 2 степени наутро до 16 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат студено утро со услови за магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец.
Дневната температура утре ќе биде од 14 до 20 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и суво време кога утринската температура на некои места ќе се спушти под нулата, а дневната ќе биде во пораст.
