Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според најавите од УХМР, ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи.
Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање.
