Од СДСМ велат дека оставката на првиот човек на градската организација во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, е поднесена од лични и морални причини и е доставена до партијата
Галетановски е еден од петте советника што СДСМ ги освои во Советот на Град Скопје
Претседателот на градската организација на СДСМ во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, поднел оставка од функцијата.

Информацијата ја објави Телевизија 24, повикувајќи се на висок партиски функционер од СДСМ, според кого оставката на Галетановски е неотповиклива и е поднесена од морални и лични причини.
Од СДСМ информираат дека оставката на Галетановски и официјално е доставена до партијата.
„Оставката е поднесена од лични и морални причини и е доставена до партијата. За понатамошните одлуки, органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста“,
изјавиле од СДСМ за Телевизија 24.
Инаку, Галетановски е еден од петте советника што СДСМ ги освои во Советот на Град Скопје. Неговата оставка доаѓа по првиот круг од локалните избори на кој кандидатката за градоначалничка на СДСМ за Скопје, Каја Шукова, не успеа да се пласира во вториот изборен круг, а СДСМ доби пет советника во скопскиот совет.
