Ова е втора ваква пружена рака меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и ВЛЕН, по вчерашното официјализирање на поддршката и за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, ќе ја има поддршката и од коалицискиот партнер во власта – ВЛЕН.
Поддршката, како што информираат од партијата, вечерва, е официјализирана на средба што со локалните жители од Кале и Дуќанџик ја имале Лабудовиќ и новоизбраниот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити.
Меџити ги повика жителите од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од движењето ЗНАМ, поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Лабудовиќ.
Затоа што само на тој начин, велат од ЗНАМ, може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати.
Од партијата велат дека во програмата на Лабудовиќ предвидени се работи што ќе ги подобрат основните услови за живеење и оти тие ќе се подигнат на едно ниво погоре во нивното секојдневние.
Ова е втора ваква пружена рака меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и ВЛЕН, по вчерашното официјализирање на поддршката и за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.
