Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (23 октомври 2025 г.) од 22:00 часот на МРТ 1
Теми за ова издание на емисијата:
– Многу очи се вперени кон Карпош – ќе остане кај Стевчо Јакимовски или ќе го преземе Сотир Лукровски ќе решат оние што во првиот круг гласаа за Маја Мојсова (СДСМ), Антонио Димитров (Левица) и Невена Георгиевска (независна);
– Пред вториот круг во Центар битка за гласовите на кандидатките што во неделата завршија трета и четврта, Билјана Ивановска („Независни заедно“) и Марија Среброва (Левица); и Горан Герасимовски (СДСМ) и Мирослав Лабудовиќ (ЗНАМ) веруваат дека ќе завршат на нивно конто;
– Максим Димитриевски стартува со голема предност пред Горан Стојковски-Диро во финалето за Куманово;
– Железници Инфраструктура склучиле договор од седум милиони евра за еден дел од проектот „Градски воз“ – разговор со директорот Синиша Ивановски;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:00 часот на МРТ 1.