„Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата општина во овој момент“, пишува Војнески на Фејсбук
Независниот кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод, Милосим Војнески, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се повлекува од изборната трка во вториот круг, притоа потенцирајќи дека е време за обединување и ставање крај на поделбите.

„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои поради различни причини ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија – партија на која ѝ го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па сè до денес“,
напиша Војнески на Фејсбук.

Според него, најдобрата одлука во интерес на неговите сограѓани е да се повлече од оваа изборна трка.
„Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата општина во овој момент. Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена“,
пишува Војнески на Фејсбук.