Епицентарот на земјотресот е на 188 километри од градот Сан Луис, на длабочина од 122 километри, во регионот Ла Риоха
Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Аргентина рано утрово, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според извештаите, епицентарот на земјотресот е на 188 километри од градот Сан Луис, на длабочина од 122 километри, во регионот Ла Риоха.
Засега нема информации за повредени или за материјална штета.