Од утре до сабота ќе преовладува стабилно време, но следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во главниот град ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд.
„Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 19 степени“,
информираат од УХМР.
Од утре до сабота ќе преовладува стабилно време, но следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.