Министерот Томаш Сјемонијак, под чиј ресор се безбедносните служби, на Икс соопшти дека станува збор за извидување воени објекти и елементи на клучна инфраструктура, како и подготовка на средства за извршување саботажа и директно извршување напади
Полските безбедносни служби приведоа осум лица, осомничени дека подготвувале саботажи во повеќе региони во земјата, соопшти премиерот Доналд Туск, пренесе Ројтерс.

Како што јавува агенцијата, официјални претставници на земјата изјавиле дека Полска е цел на тактики што вклучуваат предизвикување пожари и кибернапади како дел од од „хибридната војна“ што ја води Москва за дестабилизација на државите што ја поддржуваат Украина во нејзината одбрана од руската агресија.
Од друга страна, Русија, како и во претходните случаи, ги негира ваквите обвинувања.
„ABW (Агенцијата за внатрешна безбедност) во соработка со други служби во изминатите денови приведе осум лица во различни делови од земјата, осомничени за подготовка на саботажа“,
напиша полскиот премиер на социјалната платформа Икс.
ABW, we współpracy z innymi służbami, zatrzymała w ostatnich dniach osiem osób w różnych częściach kraju, podejrzewanych o przygotowania aktów dywersji. Sprawa jest rozwojowa. Trwają dalsze czynności operacyjne.
— Donald Tusk (@donaldtusk) October 21, 2025
Тој додава дека понатамошните оперативни активности на надлежните служби продолжуваат, без да наведе повеќе детали.
Министерот Томаш Сјемонијак, под чиј ресор се безбедносните служби на Икс, соопшти дека станува збор за извидување на воени објекти и елементи на клучна инфраструктура, како и подготовка на средства за извршување саботажа и директно извршување напади“.