Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 20 октомври 2025 г. на МРТ 1
Во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 донесуваме:
– репортажа од славјето на Изет Меџити и ВЛЕН за триумфот во Чаир;
– слика од изборната ноќ во Скопје – бевме во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на Левица;
– како беше дочекана и како се славеше победата на Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица;
– што се случуваше во Куманово каде во вториот круг со Максим Димитриевски од ЗНАМ оди независниот Горан Стојковски-Диро;
– анализа на бројките од вчерашното гласање и споредба со претходните изборни циклуси од 2024 и 2021 г.;
– дебата со универзитетските професори Александар Спасеновски и Владо Бучковски за локалните избори и последиците од нив;
– „Саботажа“.