Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на Фејсбук објави фотографија од реконструкција на пат и праша дали ова е градежната офанзива на владејачкиот СДСМ.
Асфалтираниот дел, како што се гледа од фотографијата, наместо рамен е брановиден.
Но, набргу стигнаа и коментари со критики за ширење лаги бидејќи фотографијата која ја објави всушност е од Германија за која пишувале и германските портали. Фотографијата е од малата општина Киршдорф во покраината Баварија.
„Има ли дно срамот на ВМРО-ДПМНЕ? Веројатно не, кога зборувам дека освен деструкција, лаги и манипулации друго не знаат и не ги бидува за ништо мислам на ова!“,
напиша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.