Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
До вторник ќе преовладува претежно стабилно време, а во среда повторно се очекуваат локални врнежи од дожд.